Жерновски во Брисел на средба со претставници на ЕУ и ЕП

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски денеска и утре престојува во работна посета на Брисел.

Во рамки на работната посета, тој ќе оствари повеќе средби со претставници на институциите на ЕУ, со европратеници, како и со известителот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Жерновски ќе присуствува на пленарната сесија на ЕП на која ќе се усвојува Резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2018 година.

Тој ќе учествува и на пленарни средби и во седиштето на НАТО, на кои со високи претставници ќе се разговара за текот и динамиката на пристапните разговори во врска со членството на Македонија во НАТО.

Треба да знаете
Последни објави