Шехтански за случајот „Саздов“: Неспорно е дека е сторено убиство на свиреп начин

По завршување на денешното рочиште за смртта на Никола Саздовски, адвокатот Ванчо Шехтански кој го застапува семејството на Саздовски апелираше да не се дефокусира јавноста со изјави кои не се релевантен одраз на она што е кажано во судницата, а тоа е дека смртта настанала од падот на Саздовски врз метална кутија која наводно се наоѓала на автобуската станица каде бил претепан, а не од ударите на напаѓачите.

„Да нема дефокусирање на изнесените работи во судот, да се остави судот да си ја врши работата. Вештаците дадоа исказ, тој исказ беше конкретен и во потполност со обвинителниот акт. Неспорно е дека е сторено убиство на свиреп начин“, рече Шехтански.

Адвокатот на еден од обвинетите, Асмир Алиспахиќ, пак, рече при доставување на материјалните докази од Јавното обвинителство не биле доставени двата искази на сведоците очевидци.

Тој дека докторот кој го вршел вештачењето на многу професионален начин образложил како настапила смртта кај Саздовски и токму поради тоа, според него, обвинетите не може да се гонат за кривичното дело убиство на свиреп начин.

Обвинети од страна на Јавното обвинителство за смртта на Никола Саздовски се Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Љужа кој моментално е во бегство. Според обвинението тројцата кои се гонат за убиство на свиреп начин со боксови го удирале Саздовски, а откако паднал на земја, тие продолжиле да го тепаат со клоци по целото тело.

Нападот на 20 годишниот-Никола се случи на автобуска постојка во Автокоманда во јуни оваа година, а една недела по нападот, поради сериозните повреди, тој почина во болница.

Треба да знаете
Последни објави