Нормално е судија при официјална посета на друга држава да прими подарок, но важно е каде ќе го однесе

Усвојување на процедури за имплементација на Кодексот на судската етика во Република Македонија, како и дефинирање на конфликтот на интереси е планирано да се направи до април, согласно активностите што ги спроведува Здружението на судии на Република Македонија.

Кодексот е усвоен, формирано е и Советодавно тело за судска етика, за што ГРЕКО дал позитивна оценка, меѓутоа забелешките се дека нема процедури за спроведување на правилата, како и дека нема одредби во Кодексот, кои се однесуваат на конфликтот на интереси.

Ана Павловска Данева, шеф на делегацијата на Владата во ГРЕКО на денешната работилница на тема „Судска етика, советодавно тело за судска етика и статусот на судиите” истакна дека за да може Советот да ги спроведува одредбите од Кодексот потребно  е да се донесат некакви процедури, постапки, да се знае до кој рокови се постапува.

отребно е да се знае кој може да аплицира против судија, дали тој може сам да дојде и да се посоветува и при тоа да не трпи негативни последици. Ако има дилема дека има некаков конфликт на интереси да дојде и да го запраша тоа тело, кога би имал конфликт на интереси, кога би трпел неговиот интегритет, кога етиката е нарушена. Сето тоа треба да се разработи со некакви процедури, со некаков правилник, подзаконски акт, во тоа доцниме. ГРЕКО ни дадоа препорака дека мора да побрзаме бидејќи се додека не се донесат тие процедури ќе се смета дека  Кодексот кој е донесен, телото што е воспоставено се нефункционални , не се имплементираат, нагласи таа.

Со поддршка на холандската Амбасада се спроведува долгогодишен проект, во кој учествуваат холандски експерти, како и судии од Србија, а денешната работилница е дел од тој проект кој има за цел да ја направи функционална етичноста на судиите во земјава.

ГРЕКО, освен процедури бара и модификации на Кодексот,забележувајќи дека отсуствуваат  одредби за конфликтот на интереси. Вакви одредви ГРЕКО не бара само за судиите, туку и за пратениците и обвинителите.

Секаде каде што имаме етички кодекси ни велат дека сме концентирани само на грубо кршења на одредени законски норми, на мито и корупција, што не е етичност, туку кривично дело. Ни велат концентрирајте се на некои суштински работи кои го кршат интегритетот на судијата, а тоа е конфликтот на интереси. Тоа се едноставно, банални примери, кои не ни паѓаат на ум дека тоа значи етичност. Аако еден судија, претседател на суд или цела делегација се поканети на патување во странска држава, каде ќе имаат заедничка соработка, стручни дебати, не би било етично тие со себе да го поведат сопружникот или член на семејство, дури и доколку сами ги покријат трошоците. Има некои ситни работи, кои поради крупните проблеми не сме успеале да ги забележиме, а ГРЕКО го бара тоа, вели Павловска Данева.

Во однос на примањето подароци исто така нема дефиниции, нагласува Павловска Данева и додава дека во една држава на пример протоколарен подарок може да биде виното, во друга може да биде најстрого забрането давањето подарок.

-Такви дефиниции недостигаат во етичкиот кодек, колкава е вредноста на протоколарниот подарок, подароци што ќе можат да се примаат, имаме ли ние листа на подароци, нормално е да отиде претседател на суд во друга држава, кај друг претседател и да добие некаков подарок од таа држава, но не е нормално да не се знае каде ќе го однесе дома или во својот суд, во посебна сала во која судиите ги носат подароците, таму да се потпише да ја напише вредноста на подарокот, да се каже кој е примач, кој е давател. Такви одредби отсуствуваат не само кај судиите, туку кај сите други општествени професии, кои се оценуваат од страна на ГРЕКО, рече таа.

Истакна дека се прават напори до 1 април да се завршат сите овие препораки со цел во јуни да добиеме позитивен извештај од ГРЕКО.

Во однос на вработување на роднини, истакна дека нема законска норма, која тоа го забранува, но сепак треба да постои лице, кое ќе го посоветува судијата, обвинителот дека тоа не е соодветно однесување.

а крајот одлуката за тоа ќе биде на самиот судија, но тоа ќе стои во некакво извештај, дека тоа лице било посоветувано, му било укажано и тоа ќе остане како трага, нагласи Павловска Данева.

Џемали Саити, претседател на Здружението на судиите и претседател на Советодавното тело за судска етика истакна дека во рамки на активностите кои ги планира Здружението се одржува првата работилница за судска етика, практики и насоки на дејствување, поддржани од холандската Влада.

-Се работи за прашања кои ги опфаќа етичкиот кодекс и оти заедно со експертите од Холандија и Србија се обидуваме да ги најдеме и слабостите, при што примарна цел е заживување на тој етички кодекс.

Етичкиот кодекс, појасни тој, го носи Собранието на Здружението на судии во РМ.

Заменик-холандскиот амбасадор Андри Ван Менс на отворањето на работилницата истакна дека владеењето на правото не важно само поради тоа што има врска со интеграцијата во ЕУ и исполнување на ЕУ стандардите, туку поважно е за самата земја, за Македонија, заради вредностите, правата, правдата за сите.

Важно е во едно општество да се согласиме за правилата на игра, кои ќе важат за сите, тоа е важно кога возиме во сообраќај, кога имаме спор, кога правиме бизнис, во оваа смисла владеењето на правото е предуслов за тој прогрес и развој, рече тој.

Нагласи дека довербата во институциите е основа за секоја стабилна земја, а таа доверба е особено важна кога станува збор за судството.

-Кога говориме за независно судство не збориваме за судство кое никому не му полага сметка за тоа што го работи. Овој проект навистина акцентот го става на тоа што е важно, кога зборуваме за независно судство, зборуваме судиите да не ја злоупотребуваат својата моќ, но исто така значи дека судството може да ги имплементира највисоките стандарди на однесувње и етика, нагласи Ван Менс.

Треба да знаете
Последни објави