“Најдобри пријатели засекогаш”: Гордана Јанкуловска објави фотографиja од неа и Миле Јанакиески

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил објави колаж фотографии од неа и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој моментално е во притвор и за кој СЈО води неколку предмети.

Јанкулоска споделила фотографија на кои тие се седнати во кафуле, фотографии од официјални средби и прес-конференции, како и фотографија на која тие носат дресови од “Вардар” и “Ливерпул”.

Познато е дека Јанкиески и Јанкулоска се пријатели веќе со години, а објавениот колаж е симбол на поддршка за Јанакиески кој во моментов е во притвор.

BFF (Best friends forever – најдобри пријатели засекогаш), стои во описот на фотографиите објавени на Фејсбук профилот на Јанкулоска. Јанакиески е во притвор по бегството на нивниот поранешен шеф, Никола Груевски, кое остро го осудија и двајцата поранешни функционери.

Треба да знаете
Последни објави