Search

Костадинов: Не прифаќаме целосна амнестија, нарачателите и извршителите да одговараат за 27 април

Неприфатлив е предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за целосна амнестија на насилниците од 27 април, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Ставот на СДСМ е јасен, мора да има одговорност за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија, не може да има амнестија за оние кои нарачале и извршиле насилство, вели портпаролот на владејачката партија.

Телото за помирување очекуваме во најскоро време да има состанок, од таму ќе произлезат насоките за амнестија. Треба да се направи разлика меѓу оние кои нарачале и извршиле насилство, рече Костадинов.

Треба да знаете
Последни објави