Елон Муск: Постои голема шанса да умрам на Марс

Основачот на „SpaceX“ и ексцентричниот милијардер Елон Муск вели дека постои голема веројатност тој да биде еден од храбрите пионери што ќе го колонизираат Марс и кој ќе умре таму.

Според 47-годишниот претприемач постои шанса од 70 отсто дека лично ќе користи ракета на „SpaceX“ за да лета на Марс. И не само што планира посета на Црвената планета, чија површинска температура во просек изнесува -80 степени, тој планира да се пресели таму. Муск е уверен во неговата намера и покрај фактот дека неговата компанија допрва треба да отпочне со вселенски лет со екипаж, а камоли да патува со 250 милиони километри со уште една неразвиена опрема за колонизација.

Ова не е некој долгорочен план кој зависи од одредени достигнувања, смета Муск, но е многу реална можност што ќе се случи во нашиот живот за цената на билетот од неколку стотици илјади долари.

Сепак, нема да добиете лесен живот за вашите пари, оценува Муск. На прашањето дали бегањето на Марс ќе биде бегство за богатите, Муск рече дека тоа ќе биде ништо друго освен одмор.

„Со тоа што треба да се изгради база, нема да има многу време за одмор, па дури и по сето тоа, тоа е многу груба атмосфера. Значи … има добри шанси да умреш таму” вели Муск.

Сепак, тој вели дека е подготвен да го преземе предизвикот, во духот на истражувачите кои се искачуваат на Монт Еверест, со исклучок на тоа што тие планинари обично не решаваат да живеат на врвот до крајот на својот живот без надеж за враќање.

НАСА, која работи со Муск на проект за пренос на астронаути на Меѓународната вселенска станица, неодамна објави дека ќе ја испитува културата на компанијата во „SpaceX“, по видеото кое се појави од Муск на кое се гледа тој како пуши марихуана. Видеото би можело да ја компромитира неговата способност да добие дозвола од владата, што му е потребна за да работи на проектот.

 

Треба да знаете
Последни објави