„Тврдокорни“ ги поддржува сите организирани облици на отпор што ги штитат интересите на Македонија

Граѓанската иницијатива „Тврдокорни“ ги поддржува сите организирани облици на отпор што, како што велат, ги штитат интересите на Македонија и се противат на уставните измени.

„До крајниот успех можат да стигнат само родољубните македонски сили кои во своето претходно општествено дејствување  пред сè имаат чиста совест и морална основа. Независно од бројноста и моќта, дејствијата предводени од субјекти кои во минатото покажале слабост и поткленале за свој личен бенефит, не само што не води до успех туку состојбата уште повеќе ќе ја влошува. Тоа го покажаа искуствата од сите досегашни движења“, се вели во соопштението на „Тврдокорни“.

Треба да знаете
Последни објави