Климкин: Украина ќе побара да пронајде пат за мирно решение

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин изјави дека Украина го задржува правото да се одбрани од Русија. Тој не ја исклучува можноста дека Москва ќе продолжи со агресивни чекори и на копно и на море.

Ројтерс пренесува дека Русија ги одбила повиците на меѓународната заедница за ослободување на украинските морнари и три брода, кои ги заплени синоќа, за кои рече дека незаконски влегле во руските територијални води.

„Украина ќе побара да пронајде пат за мирно решавање на спорот, но природно, го задржува правото да примени самоодбрана“ рекол Климкин, пренесе ТАС С.

Според него, потезите на Русија одат против општото меѓународно право о против конвенцијата на ОН за право на море. Климкин нагласи дека за тоа ќе се расправа на седница на Советот за безбедност на ОН.

Треба да знаете
Последни објави