Заеднички состанок на НАТО со Украина по барање на Порошенко

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг соопшти дека по инсистирање на украинскиот претседател Петро Порошенко, попладне ќе биде одржан состанок на заедничката комисија на Алијансата со Украина.

Во неговото соопштение се истакнува дека НАТО целосно го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на земјата, вклучувајќи го и правото на пловење во нејзините територијални води, согласно меѓународното право.

Столтенберг и Порошенко утринава имале телефонски разговор за настаните во Азовското Море и Керченскиот теснец. Тоа прашање ќе биде единствена точка на дневниот ред на денешниот состанок.

Треба да знаете
Последни објави