Search

„Кавалирси“ врзаа две победи предводени од дебитантот Секстон

Шампионот на НБА, „Голден Стејт“ во драматичен финиш го победи „Сакраменто Кингс“ со 117:116, за втор триумф во низа, по серијата одчетири порази. Во отсуство на капитенот Стеф Кари најпрецизен кај домаќините беше Кевин Дурант, со рекордни за него сезонава 44 поени, со 13 скока и седум асистенции. Клеј Томпсон додаде 31 кош. За гостите Бади Хилд забележа 28 поени, а Марвин Багли имаше 20 поени и 17 скока.

Кошаркарите на „Кливленд“ ја остварија четвртата победа сезонава, и тоа втора последователна, овој пат против „Хјустон Рокетс“ со 117:108. Колин Секстон ги предводеше „Кавалирс“ со 29 коша, четири скока и две асистенции. Кај гостите само Џејмс Харден беше расположен за игра со 40 поени,  13 асистенции и четири скока.

Во останатите натпревари беа постигнати следниве резултати:

„Вашингтон Визардс“- „Њу Орлеанс Пеликанс“ 124: 114
„Минесота Тимбервулфс“- „Чикаго Булс“ 111: 96
„Оклахома Сити Тандер“- „Денвер Нагетс“ 98:105
„Далас Маверикс“- „Бостон Селтикс“ 113:104
„Милвоки Бакс“- „Сан Антонио Спарс“ 135: 129.

Треба да знаете
Последни објави