Search

Сузана Гавазова ја промовираше првата песна и спот на српски јазик

Долго очекуваниот нов проект на Сузана Гавазова, снимен за екс-ју музичкиот пазар, конечно беше промовиран пред публиката.

„Halo“ е насловот на песната снимена на српски јазик, а Гавазова работеше со Драган Брајевиќ – Браја, Диџеј Дениал Х Исламчевиќ и режисерот Харис Дубица, кој во својата долга кариера досега има работено спотови за Лепа Брена, Дино Мерлин, Марија Шерифовиќ и други.

Српските и босанските медиуми веќе ја преставуваат Гавазова како најактуелна македонска пејачка, која позади себе има успешна кариера и многу албуми, а со ова првенче за нивниот пазар и посакуваат добредојде на новата пејачка, за која, како што велат, ќе руши рекорди, бидејќи со гласот, стасот и професионалноста е подготвена да им парира на нивните пејачки.

Треба да знаете
Последни објави