Некои од најопасните бактерии се наоѓаат во тушот

Истражувачи открија дека во тушот се наоѓаат микобактерии кои можат да предизвикаат проблеми со белите дробови.

Истражувањето е направено во 656 домаќинства во Европа и во Америка, а пронајдена е споменатата микобактерија. Овој ситен микроорганизам често се наоѓа во главата на тушевите. Симптомите на инфекција на белите дробови од оваа бактерија вклучуваат хронична или повторувачка кашлица, губење на тежината, температура и губење на енергија.

Тоа што ги изненадило научниците е што металните тушеви содржеле повеќе микробактерии од пластичните.

„Доволно е да дишете под тушот, а бактериите преку вдишувањето би можеле да навлезат во белите дробови“, објаснува докторка.

Притисокот и топлината на водата во тушот го прават идеален за експлозија на бактерии. Но, според доктор не треба премногу да се возбудувате бидејќи шансите да добиете воспаление на белите дробови поради оваа бактерија не се толку големи. Факт е дека повеќето луѓе веројатно нема да се разболат од микробактериите во тушевите, но постои чувствителен дел од популацијата кој мора да биде повнимателен.

„Луѓето со послаб имунитет имаат поголем ризик за инфекција“, вели  специјалист за белодробни заболувања.

Превентивни мерки што може да се преземат е редовно чистење на тушот (може да го потопите во алкохолен оцет и вода) и замена кога е тоа потребно.

Треба да знаете
Последни објави