Истражување: Луѓето се попродуктивни на работа по вечерта помината со добар секс

Едно од неодамнешните истражувања спроведено од познатиот британски производител на секс играчки , покажува дека вработените се попродуктивни на работа, откако претходната вечер имале добар секс.

Овој работодавец одлучил на своите вработени да им даде слободни денови за уживање, и на тој начин да ги поттикне своите вработени да уживаат на добар начин, но со самото тоа и да бидат попродуктивни на работа.

На секој од вработените им биле дадени 4 слободни денови „за љубов“ чија цел било вработените да ги направи поисполнети и посреќни. Оваа идеја произлегла од тоа дека едно истражување на оваа компанија покажало дека тоа може да им донесе дополнителни 90 милијарди фунти годишно.

Во рамки на таквото истражување, тие разговарале со 2000 Британци, со што 2/3 од нив истакнале дека по добар секс, тие се попродуктивни на работа, следниот ден. Повеќе од 90% од испитаниците се согласиле дека подобро работат доколку се чувствуваат посреќни.

Според лидерот на истражувањето,целта била да се воспостави врска меѓу продуктивноста на работа и среќата, со поврзување на тоа како оргазмот влијае на нашиот мозок и начинот на кој ги извршуваме работите. Според неа, кога секој  од 32.4 милиони вработени луѓе во Велика Британија би ја зголемил својата продуктивност за 10%, тоа би можело да ја зголеме продуктивноста за 3.5 милијарди фунти неделно.

Резултатите од ова истражување биле поттик за компанијата да го направи тоа за своите вработени. Според нив, тие се свесни дека сексуалната добросостојба е еднакво важна како балансирањето меѓу телесното и душевното здравје.

Треба да знаете
Последни објави