Search

Јанкулоска до Јанакиески: Корупцијата нè зезна во Центар, затоа изгубивме

Во еден од телефонските разговори што денеска се емитуваат на судењето за изборни нерегуларности во предметот „Титаник“, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на ексминистерот Миле Јанакиески му укажува дека ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2013 година во општина Центар изгубила поради корупцијата што владеела во општината.

„Знаеш што мислам што нè зезна во Центар – становите, корупцијата. Центар е интелигентна општина, не е Јагуновце“, му вели Јанкулоска на Јанакиески.

„Дефинитивно, не можеше, ги изгубивме Дебар Маало и Капиштец, исто како минатиот пат“, вели Јанакиески по што министерката Јанкулоска му сугерира да направат обид и да се договорат со ДУИ гласањето да се поништи доколку постои таква можност и да има ново гласање.

Во случајот „Титаник“ меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Илија Димовски…

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Треба да знаете
Последни објави