Просинечки примен во болница во Сараево

Селекторот на Босна и Херцеговина, Роберт Просинечки бил примен во болница во Сараево, јавува „Дневни Аваз“.

Хрватот ноќеска бил примен на Универзитетскиот клинички центар, наводно поради исцрпеност. Просинечки веднаш примил инфузија и останал на дополнителни прегледи.

„Аваз“ пишува дека Жути, како што му е прекарот на Просинечки, се чуствувал лошо во текот на вчерашниот ден па не бил ниту на отворањто на новиот административен центар на Фудбалскиот сојуз на БиХ, каде присуствуваа бројни познати личности, вклучително и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Порталот „Кликс“, пак, неофицијално пренсеува дека станува збор за проблеми со стомакот и дека му бил извршен оперативен зафат.

Треба да знаете
Последни објави