Променливо облачно со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места со сончеви периоди, особено околу пладневните часови. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Максималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Утре ќе преовладува умерено до значително облачно време со појава на магла по одделни котлини. Од недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.Од среда ќе има и пад на температурата.

Треба да знаете
Последни објави