По 32 години шпански премиер во посета на Куба – Санчез во хотел забранет за посетители од САД

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја започна официјалната посета на Куба, која е прва посета на еден шпански премиер по повеќе од три децении.

За време на дводневната посета, тој ќе се состане со кубански официјални претставници и интелектуалци, а треба да биде домаќин и на бизнис состанок во хотел кој администрацијата на Трамп го стави на листата на хотели забранети за американски посетители.

Посетите на овој хотел беа забранети како дел од санкциите кои Вашингтон ги воведе за Куба.

Во делегацијата на Санчез, покрај претставниците од шпанската влада, има и околу 20 бизнисмени.

Последен пат шпански лидер ја посети Куба пред 32 години, иако Шпанија се смета за еден од најважните кубански трговски партнери.

Треба да знаете
Последни објави