Search

Вучиќ по состанокот со министрите: Косово да ги повлече варварските тарифи и веднаш ќе разговараме

Вучиќ по состанокот со министрите: Косово да ги повлече варварските тарифи и веднаш ќе разговараме

Повлечете ги вашите варварски тарифи и веднаш ќе разговараме, рече претседателот Александар Вучиќ по средбата со премиерката и министрите на Владата на Србија, која се одржа доцна вечерва во претседателската палата.

„Оневозможувањето на трговија со Косово е најзначајниот обид за дестабилизација на Србија и ние токму поради тоа и одржавме средба“, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, по состанокот со министрите, кој утрово беше свикан поради акцијата на РОСУ во северно Косово и апсењето на Србите кои, според косовските власти, се осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ.

„И кој ја кажува вистината – јас или КФОР“, праша меѓу другото претседателот Александар Вучиќ, велејќи дека Србија имала и има информации за тоа што прави Приштина и, како што истакна, тоа е со поддршка на одредени западни фактори.

Вучиќ рече дека вчера за време на неговиот состанок со претставниците на Србите од Косово, кој се одржа во Белград, тој предупредил дека војниците ќе се преселат на север од Косово, кон Косовска Митровица, но дека луѓето му верувале на КФОР, кој имал спротивни информации од неговите.

„Вчера не измисливме ништо. Ги гледам фотографиите, ги гледам нивните камиони во движење, нашите луѓе ги сликаат и снимаат. Да, во Србија ќе речат ‘точно е она што го кажа КФОР’. Кој ја кажува вистината – јас или КФОР? Дали нивните сили беа на три минути од Митровица или не?”, праша Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави