Search

Вера Иванова демантира: Не се точни информациите дека се блокирани сметки на Диамед Македонија

Вера Иванова демантира: Не се точни информациите дека се блокирани сметки на Диамед Македонија

Иако досега неколку пати сум реагирала на слични тврдења, сакам повторно да ги демантирам погрешните информации кои се пласираат во јавноста, од страна на неидентификуван извор.

Во интерес на правилно информираме на јавноста, би сакала да ги изнесам следните неспорни факти:

Јас, Вера Иванова сум единствена, стопроцентна поранешна сопственичка на Диамед Македонија,компанија која од 01.11.2018 е превеземена од Diaverum Svedska.Ниту едно друго лице, освен мене, во ниту еден момент, немал никаков удел во сопственоста, нуту во основањето на Диамед Македонија. Вистинитоста на ова мое тврдење може да се провери на едноставен начин во Централниот регистер на Република Македонија.

Исто така, не се точни информациите дека се блокирани сметки на Диамед Македонија.

Дополнително, до овој момент, ниту една надлежна институција нема доставено никакво официјално известување до мене дека е извршена блокада на мојата личнабанкарска сметка.

Сапак, она што зачудува во случајов е дека без никаков официјален документ од надлежен државен орган, во текот на денешниот ден, добив информација дека издаден е некаков усен налог за замрзнување на средства кои се наоѓаат на моја приватна сметка во една домашна деловна банка. За ваквиот чин јас веќе преземам соодветна правна постапка со која барам официјално објаснување од надлежените органи и заштита на моите права

Треба да знаете
Последни објави