Албанската Влада против одлуката на Приштина за зголемување на таксите

Владата на Албанија денеска се изјасни против одлуката на властите во Косово да ги зголемат за 100 проценти таксите за увоз на стоки од Србија и Босна и Херцеговина.

Како што јави приштинскиот весник „Коха диторе”, албанскиот министер за финансии Арбен Ахметај смета дека таа одлука не е добра ниту за Приштина, ниту за Белград, и треба да биде одложена.

Тој ја советува Приштина да не презема такви мерки против која било држава, бидејќи наметнувањето високи тарифи е штетно за граѓаните.

– Таквата одлука, се разбира, ќе биде од корист за развојот на косовската економија и би ги отворило вратите за проширување на косовскиот пазар, но сега не е време за тоа, рече албанскиот министер за финансии.

Треба да знаете
Последни објави