Албанија ќе добие заем вреден 100 милиони евра од Германија

Германската банка за обнова и развој (GWF) и одобри кредит на Албанија во износ од 100 милиони евра за следните две години.

Средствата ќе се користат во проекти за енергија и водоснабдување, управување со отпад и поттик на економскиот развој. Кредитот исто така ќе се користи и за спречување поплави и чистење на плажите.

– Албанија ќе добие заем вреден 100 милиони евра преку кој енергетскиот сектор ќе биде фундаментално реформиран, а ќе се подобри и водоснабдувањето на населението. Ќе им дадеме на располагање средства и на земјоделците за да ги направи поконкурентни на пазарот. Ќе им обезбедиме на младите невработени луѓе стручна обука и различни квалификации. Претприемачите ќе добијат обука за отворање на нови бизниси во туристичките области, изјави Дирк Шатшнејдер од германската Влада по потпишувањето на договорот со министерот за финансии Арбен Ахметај.

Дел од средствата, според Ахметај, ќе бидат насочени во финансирање на проекти во борбата против криминалот.

Според него, кредитот од германската банка за обнова и развој има за цел да ја поддржи Албанија во исполнувањето на условите за членство во Европската унија.

Треба да знаете
Последни објави