Странските медиуми пишувале дека познатиот пар веќе со месеци бил незадоволен во врската. Холивудскиот глумец Бредли Купер и руската манекенка Ирина Шајк повторно биле уловени на улиците во Њујорк како се шетаат со ќерката Леа.
Многу пати досега коментирано е дека Ирина секогаш изгледа намуртено, што беше случај и овој пат.
Злонамерните би рекле дека таа била незадоволна во врската, но причината поради нејзиниот лут израз на лицето е сосема друга.
Имено, парот очигледно тргна во семејна опуштена прошетка, но ги пресретнале папараците, кои го следат секој нивен чекор многу повеќе особено откако излезе филмот , во кој Бредли глуми со Лејди Гага, кои очигледно на Шајк ѝ пречат.