Во Словенија нема интерес за донирање на органи, европскиот просек е далеку поголем

Во Словенија во регистарот на донори на органи, впишани се само 0,5 отсто од бројот на жители, што е значително помалку од европскиот просек.

„Се соочуваме со недостаток од донатори на органи за пресадување. На листата на чекање за трансплатација според последните податоци има 236 идни приматели, но некои за жал нема да дочекаат дониран орган“, изјави на прес-конференција директорката на организација „Словенија трансплант“, Даница Авсец.

Претставувајќи го новиот начин на вклучување на пописот на донатори, таа рече дека годишно и до десет пациенти не дочекуваат трансплатација, па очекува новиот метод на регистрација на доброволните донатори да ја подобри достапноста на органи за пресадување, со цел да се спасат повеќе животи.

Во Словенија се вршат околу 15 трансплатации на срце годишно, а во пораст е и пресадувањето на црниот дроб.

Треба да знаете
Последни објави