Search

Рафиња сака да ја напушти Барселона

Бразилецот Рафиња Алкантара оваа сезона забележа неколку добри настапи за Барселона, меѓутоа повторно не добива минутажа од тренерот Валверде.

Рафиња во текот на јануарскиот преоден рок настапуваше во дресот на Интер како позајмен фудбалер, но откако миланскиот клуб не се договори со Барселона за откупување на неговиот договор, тој се врати на „Камп Ноу“.

Сепак, по враќањето во Барселона, тој дефинитивно не е прв избор на Валверде, па неговиот татко Мазињо порача дека во јануари Рафиња ќе побара друг клуб.

„Понекогаш не ми е јасен изборот на тренерот за натпреварите. Ќе бараме клуб каде што ќе игра повеќе. Не ми е јасно зошто испадна од тимот сега, а играше многу добро против Интер и Реал Мадрид. Тој сака да игра, па јасно е дека Барселона не е клуб кој може да му го овозможи тоа. Не мислевме дека ќе биде вака затоа што добивме некои други ветувања и поради тоа имаме цел во јануари нешто да смениме“, изјави Мазињо.

Треба да знаете
Последни објави