Search

Манџукиќ си оди од Јувентус: Причината е неверојатна понуда со годишна плата од 15 милиони евра

Марио Манџукиќ, иако е еден од главните играчи во редовите на Јувентус, покрај Кристијано Роналдо, можно е на крајот на оваа натпреварувачка сезона да го напушти италијанскиот шампион.

Ова го тврди италијански спортски весник кој пишува дека за хрватскиот фудбалер пристигнала неверојатна понуда од Азија, поточно од Кина и дека веднаш по завршувањето на сезоната, Манџукиќ си оди од „старата дама“.

Ова е сигурна опција, ако се знае дека и Јувентус, кој имаат договор со Марио до 2020 година, би биле пресреќни, ако може да заработат на Хрватот, кој со своите 32 години е веќе кон крајот на кариерата. Италијанскиот весник шпекулира со сума од 30 милиони евра за трансфер на фудбалерот во Кина, но и со плата од 15 милиони евра годишно, што е поголема за 10 милиони евра од неговата моментална плата во Јувентус.

Треба да знаете
Последни објави