Search

Комби прегази старица во Скопје

Скопјанка била удрена од комби, вчера во скопската населба Чаир, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 7.30 часот на улицата Кемал Сејфула.

Тогаш патничко моторно возило „мерцедес вито“ со скопски регистерски таблици, управувано од Ј.Б.(48) од скопското село Грчец удрило во Ж.Ш.(73) од Скопје.  Старицата со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот

Треба да знаете
Последни објави