Search

Ден за вискои гости на вежбата „Есенска бура-18″ на АРМ и МВР

Ден за вискои гости на вежбата „Есенска бура-18″ на АРМ и МВР

Министерите за одбрана и за внатрешни работи, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, и началникот на ГШ на АРМ  генерал-мајор, Васко Ѓурчиновски, денеска на армискиот полигон ,,Криволак”  ќе присуствуваат на Денот за високи гости на здружената вежба за кризен менаџмент, „Есенска бура-18″ на АРМ, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи.

На Денот за високи гости ќе присуствуваат и директори и раководители на институциите од кризниот менаџмент и Министерството за внатрешни работи, генерали на АРМ, воени аташеа акредитирани во Република Македонија, претставници од ГШ на АРМ и МО, команданти на командите и единиците на АРМ и други гости.

Според програмата,  ќе бидат демонстрирани ситуации и постапки од кризниот менаџмент кои ги реализираа припадниците на АРМ и МВР, поддржани од ДЗС и ЦУК за време на вежбата ,,Есенска бура-18″.

Треба да знаете
Последни објави