Бројани се деновите на Модриќ во Реал

Лука Модриќ ќе замине од Реал Мадрид, ако не ви зимскиот преоден рок, тогаш сигурно ќе си оди по завршувањето на сезоната, пишува каталонски весник Хрватот, минатата сезона беше еден од клучните играчи на Реал во походот на третата последовна титула во Лигата на шампионите, но оваа сезона е само бледа сенка на тој играч.

„По големиот успех на Светското првенство и освојувањето на наградите на ФИФА и УЕФА, тој игра бледо. Лошо влезе во сезоната, а не треба да се заборават и неговите години (33), кои им ‘бодат очи’ на челниците на клубот“, пишуваат Каталонците.

Поради тоа новинарот тврди дека Модриќ ќе го напушти Реал.

„За само неколку месеци тој мина пат од незаменлив играч, кој не е на продажба, до еден од најголемите кандидати за заминување од Сантијаго Бернабеу, кога ќе заврши сезоната“.

За потсетување, Модриќ во летниот преоден рок сакал да се пресели во Интер, меѓутоа откако клубот остана без Кристијано Роналдо, го стопираше трансферот. Тогаш, Флорентино Перез, му ветил дека ќе му ја зголеми платата, но досега тоа не се случи.

„Тешко е да се верува дека Реал ќе го продолжи договорот со фудбалер чии договор истекува во 2020 година. Сега во Мадрид би можеле да ја разгледаат понудата на Интер“, пишуваат каталонските медиуми.

Модриќ сезонава има одиграно 16 натпревари за Реал, во сите конкуренции, а во статистиката запишал само три асистенции.

Треба да знаете
Последни објави