Роналдо: Натпреварот против Јунајтед никогаш нема да го заборавам

Бразилецот Роналдо имаше неверојатна кариера која што ја одбележаа големи победи и освоени трофеи. Сепак, за него еден натпревар има посебно значење.

Станува збор за дуелот против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во 2003-та година кога Реал Мадрид славеше против домаќините со 3:4, а три погодоци постигна токму Роналдо.

„Тоа беше многу убав и отворен натпревар, се играше вистински фудбал. Јас постигнав три погодоци, натпреварот беше вистински спектакл“, изјави Роналдо и додаде:

„Сепак, најдоброто следуваше кога бев изваден од игра. Фановите на Јунајтед ме испратија со овации, сите беа на нозе. Тоа беше магичен момент, еден од најважните во мојата кариера. Сигурно дека никогаш нема да го заборавам“, изјави Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави