Search

Во првите шест месеци намалена стапката на смртност на новороденчиња

Во првите шест месеци од 2018 година, споредено со истиот период лани, смртноста кај новороденчињата на Клиниката за гинекологија е намалена од 26 на 17 отсто, соопшти Министерството за здравство.

Од таму наведуваат дека Снежана Рсовац, педијатар, пулмолог и началник на педијатриската Интензивна нега при Универзитетската детска клиника во Белград, која веќе еден месец престојува на скопската Клиника за гинекологија и акушерство како експерт, помага да се намали смртноста кај новороденчињата.

„За време на нејзиниот престој, за само еден месец, направени се неколку суштински промени кои придонесуваат за поголема и поорганизирана работа на ова одделение, се разбира во интерес на малите пациенти. На иницијатива на доктор Рсовац, на ГАК на одделението за неонатална интензивна нега и терапија, воведени се нови листи на терапии, дозволени се посети на одделението за мајките и сега може да дојдат да бидат со бебето“, велат од Министерството за здравство.

Според нејзини насоки е воведена и неинвазивна вентилација преку постоечките респиратори и е воведен специјален НеоПаф – респиратор во салите.

„Но, исто така во договор со директорите на Трансфузиологија и Радиологија, најден е начин како да се забрза изработка на анализите кои ќе бидат готови само за само еден ден, со што ќе се интензивира работата, а ќе се намали чекањето на резултатите, што е примарно за брза лекарска реакција кај новородените“, велат од Министерството.

Треба да знаете
Последни објави