Search

Анкета: Заев е во убедливо водство со 21,4 отсто рејтинг, СДСМ расте, ВМРО-ДПМНЕ паѓа во рејтингот

Анкета: Заев е во убедливо водство со 21,4 отсто рејтинг, СДСМ расте, ВМРО ДПМНЕ му паѓа рејтингот

Зоран Заев е во убедливо водство со 21,4 отсто рејтинг, додека Христијан Мицковски е зад него со 14 процентни поени и првпат над Иванов чиј рејтинг е во пад и застанува на само 6 отсто. Следува Ахмети со 5,7, Села 3,8 %, додека азилантот Груевски е во слободен пад со 2,7 %, рејтинг во рамките на статистичките грешки.

Големата поддршка на Заев доаѓа и од популарноста кај Албанците – со 17,6 отсто поддршка тој е втор лидер по популарност кај етничките Албанци: прв е Ахмети со 23 % , а трет Села со 16 %.

Сепак 39,9 % немаат доверба во ниту еден политичар, се наведува во анкета на ТВ Телма и МЦМС што ја направи агенцијата М-проспект.

Што се однесува до рејтингот на партиите –  СДСМ расте, додека ВМРО паѓа,  26,8 отсто за СДСМ; 21,5 за ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ е сo 6,7 %, потоа е  Алијансата со 3 %, БЕСА сo 2,4 додека нема да гласаат 21,3 %.

ВМРО-ДПМНЕ е водечка партија кај Македонците – 30,4 отсто со пет процентни поени пред СДСМ – 25,5 %.

СДСМ е прва партија кај Албанците со 27,5 отсто од преференците, додека ДУИ е втора со половина процент помалку.

Рејтингот на ВМРО ДПМНЕ кај Албанците е еднаков на „нула“.

/Телма

Треба да знаете
Последни објави