По пожарите во Калифорнија 700 лица се водат како исчезнати

На северот на Калифорнија се пронајдени остатоци од тела на уште две жртви, со што бројот на настрадани во најсмртносниот пожар во овој дел на САД порасна на 79, додека околу 700 лица се водат за исчезнати.

Шерифот на округот Бјут, Кори Хони тврди дека списокот на имињата на оние кои исчезнале за време на разорниот пожар, се намали на 700 од првичните 1.000 лица кои што беа објавени во понеделникот. Во пожарот настрада градот Прадајз во кој се уништени 12 000 домови.

Треба да знаете
Последни објави