Search

Прегазен велосипедист во Охрид

Велосипедист од Охрид бил тешко повреден откако бил прегазен од автомобил, ноќеска во Охрид, информираше МВР.

Сообрќајната несреќа се случила половина час по полноќ на крстосницата од улицата 7 Ноември и булевар Македонски Просветители.

Тогаш автомобил „мерцедес“  управуван од М.М.(41) од Охрид удрило во велосипед управуван од А.Х.(48) од Охрид. Повредениот велосипедист бил тешко повреден и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Поради сериозноста на повредите А.Х. бил препратен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.

Треба да знаете
Последни објави