При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот “Тортура” кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски продолжи со репродуцирање на снимките на МВР направени при апсењето пред ресторанот Воденица.

На снимките се гледа претресот на автомобилот на оштетениот Љубе Бошкоски од страна на инспектори од МВР. При самиот претрес пронајден е пиштол Глок со полн шаржер, 17 куршуми, дозвола за носење оружје како и хрватска патна исправа на име на оштетениот.

Од снимките се гледа собирањето на доказните материјали меѓу кои и парите фрлени до автомобилот на Бошкоски. Со оглед на тоа дека истите снимки беа репродуцирани и на минатото рочиште, обвинителот од СЈО Љубомир Лапе, побара од судот снимките да не бидат повторно емитувани, но овој предлог беше одбиено по барање на адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Петар Василев велејќи дека во видеата има докази кои се во корист на одбраната.

По снимките од пред Воденица, во судницата беше пуштена и снимка како оштетениот Бошкоски го внесуваат во судот додека надвор се одвива протест поради неговото апсење

Треба да знаете
Последни објави