Пјатек сосема искрено: Ја избрав Џенова на ФИФА за да видам кои ќе ми бидат соиграчи

Одличниот полски напаѓач Кшиштов Пјатек откри дека не знаел ништо посебно за екипата на Џенова пред да се пресели во овој клуб.

Да потсетиме, Пјатек ова лето од Краков се пресели во Џенова и после одличните партии во дресот на италијанскиот клуб, тој стана еден од најбараните млади фудбалери во Европа.

Тој во досегашниот тек од сезоната, во италијанска Серија А постигна девет погодоци на 12 натпревари, па затоа не зачудува тоа што постои интерес за неговите услуги од голем број на европски клубови.

Пјатек признава дека не знаел многу за Џенова пред да се пресели во клубот и видео играта ФИФА му помогнала да ги „запознае“ своите идни соиграчи.

„Немав поим кои ќе ми бидат соиграчи во Џенова кога го потпишав договорот”.Изјави Пјатек.

Треба да знаете
Последни објави