„Светско првенство во Франција, официјален медал за трето место кое го освои Хрватска. Бронзен медал со оригиналната лента. Производител: Бертони. Само триесет вакви медали постојат“, стои во објаснувањето.
Автентичноста ја гарантираат продавачите, а цената е солидни 7.500 евра. Аукцијата ќе се одржи на 7 и 8 декември.
Не е јасно кој член на славната генерација на Мирослав Ќиро Блажевиќ се решил на овој потег, дали се работи за фудбалер или за член на стручниот тим.
Блажевиќ се огласи по информацијата со изјава дека не знае кој се откажува од медалот, со констатација дека никој не е толку загрозен финансиски да го продаде медалот, ниту, пак, слуѓнл дека некому бил украден. Сепак, тој смета дека на аукцијата цената ќе достигне 100.000 евра.