Search

Извршниот директор на Нисан пред апсење за проневера, акциите паднале за 11 отсто

Извршниот директор на Нисан, Карлос Госн веројатноденеска  ќе биде уапсен под сомнение за проневера, пренесува Блумберг.
Госн е осомничен за манипулирање со финансиските извештаи на компанијата и во моментов е под истрага од страна на јапонски обвинители кои ќе го испитува во Токио. После тоа на шефот на Нисан му се заканува апсење.

Портпаролот на компанијата објави дека вечер ќе се одржи прес-конференција на која ќе открие повеќе информации. Досега од обвинителството не сакаа да откријат ништо.

Веднаш по објавувањето на веста за апсењето на Госн, цените на акциите на компаниите е драстично намален – на  Нисан за 11 проценти, а на Рено, која е поврзана со јапонската компанија за 6,2 отсто.

Карлос Госн својата кариера во Нисан ја обележи создавајќи партнерство со Рено и Митсубиши,  а минатата година се повлече од функцијата главен извршен директор на Нисан, а најави повлекување и  од врвот во Рено.

Инаку, профит на Нисан во последната фискална година (која заврши во март 2018 година) забележа речиси 12 отсто зголемување на 6,8 милијарди долари кога продаде 5,77 милиони возила, но од компанијата предвидуваат пад на профитот во 2019 година и тоа дури 33,1 проценти поради девизниот курс и зголемувањето на материјалните трошоци.

Покрај тоа, компанијата неодамна беше предмет на инспекциски скандал па продажбата на автомобили Нисан во октомври во Јапонија падна за повеќе од 55 проценти.

Треба да знаете
Последни објави