Search

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора немаше потерница по него

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски е вон законот, изјави шефот на дипломатијата на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.

„Македонија не издаде сигнали, па со самото тоа, црногорските државни органи го третираа Груевски како и секој друг граѓанин кој се наоѓа во друштво на дипломати со дипломатски таблички“, рече Дармановиќ, пренесе порталот „Аналитика“.

Запрашан за коментар во врска со бегството на Груевски преку Црна Гора, Дармановиќ вели дека во периодот кога било одлучено експремиерот да побара азил во Унгарија, тој не бил на листата на Интерпол.

Треба да знаете
Последни објави