Search

Вучиќ: Груевски излезе од Србија придружуван од унгарски дипломати

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, и дека во тој момент не била издадена потерница за него и дека Србија направила се што е во согласност со законите и дека Србија не му била јатак.

Тов во емисијата „Кирилица“ на ТВ „Хепи“ рече дека оние кои велат дека за  случајот Груевски треба да се прашаат Албанија, Црна Гора и Србија, Вучиќ одговори дека вистинското прашање е како Груевски излегол од Македонија, дали македонските власти тогаш го барале или не.

Тој во емисијата детално објасни што се случувало со Груевски.

– На 11.11 во текот на ноќта, некаде помеѓу еден и два, немаме официјални информации, лицето Никола Груевски влегуваат на територијата на Албанија при што се легитимирал и во придружба на две лица од  унгарските националност. Потоа влегува во Црна Гора на преминот Божај, повторно со регуларна лична карта и со пасаван, односно времен пасош издаден во унгарската амбасада во Тирана. Потоа на 11.11 околу 23 часот преку преминот Гостун влегува во Србија во придружба на истите две лица исо лична карта, а потоа на 12.11 во 5. 11 часот ја напушта Србија на преминот Хоргош со пасаван бр. 100.501 издаден во Тирана, со лична карта и во придружба на лица со дипломатски документи и дипломатско возило. Во тој момент против него нема потерница, таа стигнува на 13.11 во 19.35 од Интерпол Скопје. Да го запревме кога излегуваше од Србија ќе беше киднапирање од наша страна. Како може Србија да апси луже без налог, па не сме ние дивјачко племе, изјави Вучиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави