Најмалку 30 полицајци се убиени во напад на талибанците во западната авганистанска провинција Фарах, соопштија владини претставници.
Нападот на полицискиот пункт почнал синоќа и траел неколу часа. Во престрелката, полицијата убила најмалку 17 талибанци.
Меѓу загинатите, како што соопштија властите, е и шефот на локалната полиција.
Талибанците имаат контрола на над половина територија на Авганистан.