Search

Како рајот стана пекол и зошто во Парадајз изгореа најмалку 60 луѓе

Властите во калифорнискиот град Парадајз имаа искуство со шумски пожари и смета дека се подготвени за иднината. Но и во најлошите кошмари не можеа да замислат „мегапожар“, кој избувна минатата недела и во кој загинаа најмалку 59 лица, а се трага по уште 130 исчезнати.

Огнот наречен „Камперски оган“  е последниот мегапожар во Калифорнија предизвикани од екстремните суши и променливите ветришта, посилни и побрзи од било кога.

Властите во Калифорнија во изминатите година забележа пораст на такви големи, експлозивни и брзи пожари во сезоната на огнови, која сега трае речици цела година. Па така четири од петте најголеми пожари во историјата на Калифорнија се случија во изминатите шест години.

Во гратчето Парадајз 211 дена немало дожд вреден да се спомене. Покрај тоа, сместен е на рид во подножјето на Сиера Невада и е опкружен со потенцијално суви или мртви дрвја, кои зад себе ги  остави петгодишната суша.

Помалку врнежи од дожд и подолготрајни суши се главните причини за пожарите кои уништуваат повеќе од 40.000 хектари годишно, според една неодамнешна студија на Шумската служба на САД  и на Универзитетот во Монтана.

По пожарот кој се случи во Парадајз во 2008 година уништени беа 87 куќи, а градот со 27.000 жители имаше подготвено планови за евакуација и воведе казни за сопствениците кои не ги исчистиле грмушките и не ги искастриле дрвјата за да го намалат ризикот од пожари.

Но беше потребна само една искра на патот Камп Крик, западно од градот, како и есенските ветришта „Eл Диабло“ кои дуваа со брзина од 80 километри за да се формира најкатастрофалниот и најкрвавиот пожар во историјата на Калифорнија.

Ширејќи се кон запад, пожар уништи речиси 6.500 куќи и создаде свои сопствени огнени вртлози кои секоја минута голтаа површина од осумдесет фудбалски стадиони.

“Она што се случи беше најлошото сценарио”, изјави за новинарите локалниот шериф, Кори Хоне.

 

Треба да знаете
Последни објави