Search

(Видео) Чевлите од „човечка кожа“ – хит на социјалните мрежи

Чевлите од „човечка кожа“ – хит на социјалните мрежи

Канадските дизајнери Роуз Далтон и Стив Рај Баскаран стојат зад брендот „Фекал матер“ и дизајнираа високи потпетици направени од „човечка кожа“, кои станаа хит на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/BpaSCsUFFcM/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=1n4t2p4rtcvjf

 

Роуз и Стив првично создадоа потпетици во фотошоп, а потоа го претставија концептот во „Вог“. По тоа, направија еден чифт од „човечка кожа“.

Овие чевли претставуваат реплика на нозете на Роуз Далтон со специфичен додаток на боцки и потпетици, создадени од уметницата Сара Ситкин.

Тие се направени од силикон, кој се користи како имитација на човечка кожа, па дури имаат и прсти со нокти, младежи и влакна. Овие чевли чинат 10.000 долари и се произведуваат само по нарачка.

Корисниците на социјалните мрежи најчесто се згрозени од дизајнот со кој оваа двојка го предизвикува општеството и ги поместува границите на човечкиот изглед.

https://www.instagram.com/p/BqBAwF2FDjI/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=1j755ktwjkdt5

 

Треба да знаете
Последни објави