Search

Арачиновец фатен со пиштол во автомобил

Полицијата поднесе кривична пријава против арачиновец, кој бил фатен со пиштол под совозачкото седиште, информираше МВР.

Станува збор за  М.Б.(24) oд Арачиново, кој е осомничен за кривично дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Полициска патрола на 4 октомври годинава околу 20.30 часот во село Никуштак сопрела автомобил „пежо” со кумановски регистарски таблици управувано од А.Д. од  Арачиново. Во возилото како сопатник се превезувал М.Б., при што над истите и возилото е извршен преглед и под седиште е пронајден пиштол марка „Црвена застава М 57″, калибар 7,62 мм и една рамка со седум куршуми калибар 7,62 мм.

Треба да знаете
Последни објави