Search

Црвен Крст – Штип собра еден тон храна за 90 социјални семејства

Општинската организација (ОО) Црвен крст –Штип собра речиси еден тон  храна по повод одбележувањето на  Светски ден на храната и Ден на борба против гладта.

Секретарот на ОО Црвен крст-Штип, Викторија Милановска информира дека се спроведени низа хуманитарни активности, чија реализација резултираше со речиси еден тон набавена храна, наменета за хронично гладните лица од Штип и околината. Прехранбените пакети на социјално загрозените семејства ќе почнат да се доставуваат од утре, оние кои што живеат во градот ќе можат да ги подигнат во просториите, а оние кои живеат во руралните средини ќе им бидат доставени од страна на волонтерите на ОО. Црвен крст-Штип.

– Деталниот извештај од спроведените теренски акции нотира вкупно 927 килограми, прехранбени намирници, од кои, најголем дел, во вредност од 33.000 денари се набавени од средствата, кои граѓаните ги донираа купувајќи вредносен купон наменски креиран за оваа кампања. Во големата донаторска акција се вклучија и ланецот маркети „Кит-Го“ и „Пивара Скопје“, кои донирајќи дел од својот продуктен асортиман, ја збогатија содржината на пакетите наменети за семејствата кои живеат во социјален ризик, вели Милановска.

Таа истакна дека  листата на приматели на прехранбени пакети брои вкупно 90 семејства од Штип и околината, селектирани според официјална листа од меѓуопштинскиот Центар за социјална работа. Организацијата за храна и земјоделие при Обединетите нации проценува дека во светот 805 милиони луѓе живеат со хроничен глад, 60% жени и речиси пет милиони деца под петгодишна возраст умираат поради хронична ненахранетост.

Треба да знаете
Последни објави