Search

Нутела призна дека има разлика во составот за различни пазари

Нутела е со различен квалитет за разлишни пазари. Ова се должи не само на составот на нутелата, туку и на вкусот на потрошувачите. Ова го изјави Мари-Пол Бенаси директорката на Главната управа за потрошуваши заштита на потрошувачите во Европската комисија на дискусија во Загреб за заштита на потрошувачите. Изминатите години постојано се дискутираше за различниот квалитет и разликите на трговските марки на еден ист прроизвод кој за различен пазар имаше раззличен квалитет. Според мислењето на комисијата разликата е во источниот и ззападниот европски пазар.

-Разговаравме со Фереро, сопственикот на брендот Нутела. Тие сами објаснија дека има два рецепти. Оригиналниот оној од Италија е достапен за сите држави кои се членки на Унијата освен Германија. За нив има друг рецепт- вели Бенаси. Од фабриката и објасниле дека Фереро од сега ќе работи по еден рецепт за сите односно ќе се труди да го изедначи со италијанскиот рецепт.

-Ова ќе значи и унифицирање на квалитетот- вели Бенаси. Таа објасни дека не постои јасна дефиниција за квалитет во ЕУ за одреден рецепт и дека тоа најмногу зависи од вкусот и традицијата на потрошувачите.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави