Иниеста: Невозможно е да ја гледам Барселона, добивам информации од тројца играчи

Андрес Иниеста ексклузивно кое го направи ,  проговори за шокантниот пораз кој го претпре Барселона од Бетис на домашен терен, правејќи анализи од хајлајтсите кои ги погледнал од мечот кој во неделата се одигра на „Камп Ноу“.

Иниеста вели дека е посебно изненаден од фактот што Барселона на домашен терен прима дури четири гола, но исто така додава дека не може да дава подетални коментари за играта и формата на тимот бидејќи нема можност редовно да ги следи случувањата во неговиот поранешен тим.

– Не можам да ја следам Барселона, едноставно невозможно е да ги гледам натпреварите. Во Јапонија, натпреварите од Ла Лига се многу доцна, освен оној кој се игра во 16:15 часот. Ги следам само резултатите и коментарите од Шпанија. Разговарам со неколку од тимот и од време на време дознавам што се случува. Разменувам пораки, особено кога има нешто важно како што беше случајот со повредата на Лео. Разговарав со Бускетс, Ракитиќ и Жорди Алба и добивам информации од нив. Секој си ја гледа својата работа и контактот не може да биде ист како кога се гледавме секој ден, – појаснува Иниеста.

Треба да знаете
Последни објави