Гвардиола ќе биде казнет поради „сосема нормална“ изјава?

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола би можел да биде казнет поради неговата „спорна“ изјава во пресрет на натпреварот против Манчестер Јунајтед кој беше одигран минатиот викенд.

Гвардиола пред натпреварот го спомена и судијата Ентони Тејлор, но иако немаше ништо лошо во неговата изјава, сепак според правилата на „ФА“, на тренерите не им е дозволено да ги споменуваат судиите пред натпреварите.

„Сигурен сум дека Тејлор ќе се обиде да одработи добра работа, баш како што се трудат и тренерите и играчите. Господин Тејлор ќе стори се за натпреварот да биде добар и се надевам дека ќе донесе оправдани одлуки. Цела Англија и цела Европа ќе не гледа“, изјави Пеп Гвардиола во пресрет на дуелот против Јунајтед кој неговите фудбалери го добија со 3:1.

Засега не е познато дали ќе биде отворена постапка против Гвардиола од кого се бара да ја образложи својата изјава до денес, до 18 часот.

Треба да знаете
Последни објави