Search

Ја доела ќерка си девет години

Ја доела ќерка си девет години

Британката Шерон Спинк (50), мајка на четири деца и актерка, се пожали дека ѝ недостига доењето на својата ќерка, кое траело до деветтата година.

Таа вели дека не гледа ништо лошо во тоа и смета дека долгото доење создало доживотна врска меѓу нив. Таа престанала да ја дои пред два месеца кога деветгодишната Шарлот самата ѝ рекла дека повеќе не сака да цица.

Шерон истакна дека ќерка ѝ ретко била болна токму поради доењето, но притоа стана цел на критики. Некои луѓе ја нарекоа злоупотребувач на деца и педофил.

Шерон има уште три ќерки, Ким (30), Сара (28) и Изабел (12). Првите две ги доела две недели, а третата шест месеци.

Треба да знаете
Последни објави