Search

Окон го исфрли Верстапен па Хамилтон го освои и Интерлагос

Возачот на „Мерцедес“ и ново- стариот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда на Бразил и така дојде до десеттата победа сезонава, во која титулата ја обезбеди на три трки пред крајот на сезоната.
Зад Хамилтон се пласираа пилотите на „Ред Бул“ и н „Ферари“,  Макс Верстапен и Кими Раиконен.

Победникот на трката беше решен кога Естебан Окон го исфрли Верстапен од патеката. Возачот на „Ред Бул“ ја возеше најдобрата трка сезонава, ги претекна пилотите на „Мерцедес“ и на „Ферари“ и го освои првото место. Тој заедно со клупскиот колега Даниел Рикардо останаа најдолги на меки гуми и имаа победа во џебот кога се случи инцидент со Окон. По трката Верстапен се обиде физички да се пресмета со Окон, но инцидентот беше спречен.

Во првите десет на Интерлагос завршија и Даниел Рикардо, Валтери Ботас, Себастијан Фетел, Чарлс Леклерк, Роман Грожан, Кевин Магнусен и Серхио Перез.

За Хамилтон ова беше 72. победа во кариерата и сега има 19 помалку од Михаел Шумахер.

„Мерцедес“, пак, денеска  ја обезбеди петтата врзана титула во конкуренцијата на конструктори. Досега само Ферари имаше шест врзани титули во ерата на Шумахер, а „Ред Бул“, пак, имаше четири со Фетел.

Треба да знаете
Последни објави