Search

Иванов во работна посета на Франција

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во работна посета на Француската Република, каде на покана на Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ќе присуствува и на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, соопштија од кабинетот на Иванов.

На церемонијата што ќе се одржи пред Триумфалната капија во Париз, свое обраќање ќе има Претседателот на Француската Република, а предвидено е присуство на лидери чии земји се бореле во Европа од 1914 до 1918 година, како и земјите кои испратиле свои контингенти да војуваат во Европа.

Како што се посочува во соопштението претседателот Иванов ќе присуствува и на приемот, што за учесниците на церемонијата, ќе го приреди Макрон во Елисејската палата.

Попладне, Иванов ќе присуствува и ќе се обрати на Парискиот мировен форум, што ќе се одржи на иницијатива на францускиот претседател. На отворањето на форумот ќе се обратат и Макрон, Канцеларот на Германија, Ангела Меркел и Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

За време на работната посета и присуството на церемонијата по повод одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата Светска Војна, претседателот Иванов ќе биде придружуван од сопругата, Маја Иванова, која ќе присуствува на приемот што ќе го приреди првата дама на Франција, Брижит Макрон, соопштија од претседателскиот кабинет.

Треба да знаете
Последни објави